ЗА 12 РОДЕНДЕН НА Ramstore ОСВОЈТЕ HYUNDAI TUCSON И 12 НАГРАДНИ ПАТУВАЊА

Ramstore Македонија оваа година го прославува  12  роденден  односно 12 години – среќни и задоволни потрошувачи, мотивирани вработени, најквалитетна понуда и безпрекорна услуга. Основната визија на Рамсторе Македонија останува иста, а за да ја искажат својата благодарност кон потрошувачите, по повод  роденденот организирана е голема наградна игра со многу возбудливи награди.

Рамсторе ве поканува да учествувате во досега најголемата наградна игра и да играте за  Hyundai Tucson  и уште 12 ваучери за патување од Туристичката Агенција Савана со вредност од 60.000 денари.

Наградната игра „12ти роденден на Ramstore“ започнува на 05.10.2017 во 08:00 часот и завршува на 23.11.2017 година во 22:00 часот

Со секоја сметка над 1000 денари направена во Ramstore Маркетите можете да очекувате дека ќе станете добитник на  Hyundai Tucson или на еден од 12те ваучери за патување од Туристичката Агенција Савана во вредност од 60.000 денари.

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни купувачи, чии фискални сметки имаат вредност од 1000 денари или повеќе. Еднаш искористената фискална сметка, не може повторно да учествува во наградната игра.  Добиената награда, не може да се замени со друга и не постои друг вид надоместок.

Се што е потребно да направите:

Да приложите фискална сметка повисока од 1000 денари направена во кој било Ramstore маркет на инфо пултовите при што добивате награден купон. Купонот треба да биде пополнет од страна на потрошувачите со нивните лични податоци и ставен во посебно обележаните кутии, кои се поставени на видно место во секој Ramstore маркет. За секоја сметка од 1000 денари, добивате 1 купон за учество, за 2000 денари добивате 2 купони, за 3000 денари – 3 купони и за секое зголемување на сметката за 1000 денари пропорционално се зголемува и бројот на купони за учество.

Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 01.12.2017 година во 12:00 часот во ТЦ Ramstore е Мол пред Ramstore маркетот.

Во текот на 12 години од своето работење Ramstore Македонија  успеа да се избори на пазарот како еден од најдобрите трговски ланци во регионот, за потрошувачите прв избор, за вработените посакуван работодавец, а за деловните субјекти и добавувачите доверлив партнер и општествено одговорна компанија. Како резултат на нивното успешно работење на македонскиот пазар, во малопродажниот сектор, а  во насока на својата визија и мисија,  денес, тој брои вкупно 22 маркети во 6 различни градови со вкупна продажна површина од 20,000 m2 и 600 вработени.

Повеќе информации на официјалната страна на: www.ramstore.com.mk   и  http://ramstore.com.mk/?page_id=3211

Translate »