Возач Албанец фатен со половина тон марихуана на српско-унгарската граница(Видео)
На српско-унгарската граница се запленети половина тон марихуана.. Цената на запленетата дрога на црниот пазар изнесува 3,2 милиони евра. Товарот бил сокривен во камион кој го возел шофер Албанец. Во понеделник возачот бил запрен при влезот во Унгарија, а при претресот, покрај марихуаната е пронајден и еден килограм хашиш.