Се откажавме од старите салонски навики, вели Заев

„СДСМ покажа внатрешен капацитет да се менува и тоа гледам дека е препознаено од граѓаните. Секако дека СДСМ има свои недостатоци, но се менуваме, се подобруваме“,вели во изјава за медиуми претседателот на СДСМ – Зоран Заев.

„Се откажавме од старите, погрешни салонски навики. СДСМ денеска е партија блиска до граѓаните, прифаќаме критика, поттикнуваме гласност, знаеме да се повлече од одредени иницијативи и да прифатиме подобри предлози.

Со СДСМ државата е сигурна, безбедна и стабилна, и покрај сите предизвици растат платите, повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните“, посочи тој.

Translate »