Шестгодишник имал оток на образот, по престојот во градинка

Воспитувачка истепала дете. Вчера во полициска станица Аеродром Е.Г. (36) од Скопје пријавила дека дента откако го зела нејзиниот шестгодишен син од градинка забележала дека на десниот образ има оток.

Детето кажало дека неговата воспитувачка го удрила неколку пати по десниот образ. За настанот мајката веднаш го известила директорот на градинката, кој и рекол случајот да го пријави во полиција.

Е.Г. го однела синот во Здравствена установа, каде од лекар и била издадена лекарска потврда за констатирани повреди во вид на оток во пределот на лицето.

Translate »