Револуционерни здравствени придобивки на 100% WHEY протеинот од сурутка

Во светот на суплементите малку се додатоците што привлекле толку внимание од научниците, за да бидат толку испитувани како што е протеинот од сурутка 100% WHEY. Познат по својата исклучително хранлива вредност, особено го привлeкува вниманието на спортистите. Здравствените придобивки на протеинот од сурутка се во голем број засновани на докази и истражувања, па еве дел од тие бенефити за човечкото здравје:
Протеинот од сурутка 100% WHEY е диететски извор на висококвалитетни протеини, со сите есенцијални амино киселини неопходни за оптимално здравје. Има брза апсорпција и супериорна сварливост во однос на другите протеини. Изобилува со леуцин и е моќен катализатор за раст на мускулите и зајакнување на телото, бидејќи со стареењето природната мускулна маса се намалува и постои ризик од хронични болести. Тренингот и исхрана богата со протеин може да помогне за забавување или целосно исчезнување на негативните ефекти поврзани со стареењето. Истовремено помага и за обновување на мускулите по интензивните тренинзи.


Регулација на крвниот притисок. Особено за луѓето со зголемен крвен притисок протеинот од сурутка со своите биоактивни пептиди, наречени лактокинини, помага за намалување на крвниот притисок и се намалува ризикот за компликации од хипертензија. Кога се конзумира со оброци богати со јаглехидрати одлично го регулира и шеќерот во крвта. Се препорачува и за луѓе што живеат со дијабет 2, бидејќи го има овој потенцијал.
Против воспалителни болести на дебелото црево. Болестите како Кронова болест, улцеративен колитис и слични, претставуваат голем предизвик за луѓето. Неодамнешните студии покажаа дека протеинот од сурутка ги ублажува симптомите на овие хронични состојби и нуди надеж за оние што се засегнати и сакаат подобар квалитет на животот.


Против зголемена телесна тежина. Диетите се тежок предизвик за многумина, особено за луѓето во поодминати години. Протеинот од сурутка е сојузник на оние што се борат со килограмите. Го намалува апетитот, го зголемува чувството на ситост и промовира губење на маснотии.


Подобрена антиоксидантна одбрана. Антиоксидансите се од витално значење во борбата против оксидативниот стрес. Изненадувачки, протеинот од сурутка содржи разни антиоксидантни соединенија кои помагаат во неутрализирање на штетните слободни радикали, а со тоа придонесуваат за клеточното здравје.
Подобрена имунолошка функција. Протеинот од сурутка преку зајакнување на производството на витални имунолошки клетки, поддржува силна одбрана од инфекции и болести.
Здраво стареење. Благосостојбата и здравјето се исклучително битни во зрелите години, протеинот од сурутка помага да се води поактивен и поисполнет живот, поддржувајќи ја мускулната маса.


Многубројните научни истражувања им помогнаа на активните луѓе, спортистите и оние што практикуваат здрава исхрана да го запознаат подобро протеинот од сурутка 100% WHEY, неговата содржина и влијание врз подобрување на здравјето на човекот. Како додаток во храната ја зацврсти својата позиција како моќен нутритиент за оптимизирање на здравствената состојба. Нарачајте го онлајн на следнава страна https://naturatherapy.mk/index.php?route=product/product&product_id=509

Translate »