ПЛАНЕТАТА СЕ ЗАГРЕВА, СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ ЛАДИ – ВИСТИНСКАТА СВЕТСКА РЕЦЕСИЈА Е ЕКОЛОШКА

Прво беше пандемијата. Потоа дојде војната во Украина. Следно може да биде климатската криза.

Овој 3 јули светот го забележа својот најтопол ден досега, но рекордот траеше само 24 часа пред да биде победен од уште пожежок  вторник. И додека планетата продолжува да се загрева, глобалната економија продолжува да се лади.

Германија веќе е во рецесија и многу други развиени земји – вклучително и Обединетото Кралство – се чини дека се движат во таа насока. Кинеското пост-локдаун закрепнување е забавено, американскиот пазар на работни места се чини дека се лади како реакција  на повисоките каматни стапки.

Загрижува комбинацијата од слаба активност и зголемениот број на екстремни климатски настани. Вообичаено, притисокот врз животната средина се интензивира во периодите на економски бум, поради што имаше големи скокови во поддршката на зеленото движење во раните 1970-ти, доцните 1980-ти и периодот непосредно пред светската финансиска криза во 2008 година.

Ако, како што изгледа веројатно, нема да има застој во глобалното загревање и покрај бавниот економски раст, тоа е веќе вистинска причина за загриженост. Економијата на САД може технички да избегне да падне во рецесија, но фактот што неодамнешните шумски пожари во Канада доведоа до тоа Њујорк да се задуши во штетен портокалов смог зборува за планета која се движи кон катастрофален пад.  Во извесна смисла, вистинската рецесија е еколошката.

Не се виновни само политичарите

Во принцип, владите се фокусираат на иднината на планетата кога чувствуваат дека немаат за што друго да се грижат. Тоа, барем, беше практика  до сега. Рецесиите – па дури и заканата од рецесија – имаат ефект да ги натераат креаторите на политиките да се фокусираат на краток рок. Растегнатите јавни финансии заедно со желбата да се остане популарен предизвикува менталитет за раст по секоја цена. Сега се појавува страв околу трошоците за транзицијата кон почиста економија со помалку јаглерод, особено за оние кои најмалку можат да ги поднесат.

За волја на вистината, некои од овие грижи се легитимни. Топлинските пумпи се скапи. Електричните автомобили се гледаат само по дворовите на побогатите. Фосилните горива сочинуваат три четвртини од енергетскиот микс на Обединетото Кралство и ставањето крај на таа зависност нема да биде ниту брзо ниту лесно.

Во сегашните околности, политичарите мислат дека треба да се справат со поитни работи отколку да постигнат цели за нето нула емисија на штетни гасови. Акцијата за справување со климатската вонредна состојба може да се одложи за друг ден кога науката и пазарните сили ќе дојдат до решение кое ќе ни овозможи сите да консумираме колку што сакаме без да ја уништиме планетата.

Ова може да биде кратковидно. Можеби е глупаво размислување, коешто без сомнение ги налути демонстрантите на Just Stop Oil кои беа присутни на Вимблдон и други јавни настани деновиве. Но, за оние на моќните позиции, искушението да се одложи акцијата останува силно. Планот на Риши Сунак (актуелен британски премиер, н.з.) да се откаже од ветувањето на владата со 11,6 милијарди фунти да им помогне на сиромашните земји да се справат со климатските промени, е пример за ова колебање. Тоа би било чин на предавство, но, за жал, во согласност со незаинтересираноста на премиерот за агендата на нето нула емисии.

Би било погрешно да се претпостави дека виновни се само политичарите. Нашите политички господари реагираат  на сигналите што ги добиваат од гласачите, а пораката во никој случај не е толку јасна како што би се надевале оние кои бараат подрастична акција за климатската вонредна состојба. Делумно, тоа се должи на кризата на трошоците за живот, но оди подлабоко од тоа.

Многумина поддржуваат фудбалски тимови спонзорирани од пари добиени од продажба на фосилни горива,  и на навивачите навистина не им е грижа дали новата ѕвезда напаѓач се купува со пари извалкани од нафтата  на Блискиот Исток се додека тој постигнува многу голови. Луѓето се грижат повеќе за иднината на планетата  од пред половина век, тоа е неспорно,  но она што тие навистина го сакаат е безболна транзиција што не ги принудува да престанат да ги прават работите што ги сакаат, како што е возењето автомобил за  да се видат со пријателите и роднините или да заминат со авион на одмор во странство.

Има се’ уште време да се повлечеме од работ на бездната. За почеток, зеленото движење треба да го залечи јазот меѓу оние кои не поддржуваат раст и оние кои фаворизираат одржлив раст и да се фокусира на вистинскиот непријател: форма на капитализам што се јаде себеси.

Фосилните горива се „новите  цигари“

Следно, имаме пред нос плодови што треба да ги набереме. Ендрју Симс, ко-директор на кампањата на  New Weather Institute, вели дека спортските спонзорства беа клучното бојно поле во успешната борба да се стави крај на рекламирањето на цигари  и дека фосилните горива всушност се „новите цигари“. Од фудбалот до велосипедскиот Тур де Франс, од претстојниот Светски куп во рагби до атлетиката, Симс забележува дека спортот долго време е зависен од великодушноста на промоторите поврзани вака или онака со фосилните горива.

Некои проблеми ќе бидат потешки за решавање. Зелената транзиција би била полесна доколку Обединетото Кралство  беше земја со помала нееднаквост. Уште повеќе, британската енергетска инфраструктура е во лоша состојба и има потреба од многу одржливи инвестиции ако сака да биде подготвена за новите извори на енергија што се развиваат, како што се пловечките фарми со ветерници и водородот.

IPPR, лево наклонет тинк-тенк, предлага пакет јавни инвестиции од 30 милијарди фунти годишно, вклучително и во чиста енергија, за кој вели дека ќе ја подобри страната на понудата во економијата, ќе го зголеми потенцијалот за раст и ќе биде добар за јавните финансии.

Има и други предлози за тоа како владата може да ја забрза зелената транзиција, а сите наидуваат на истиот одговор: дека плановите се финансиски неизводливи, неодговорни и се работи за фантазија. Но во реалноста, вистинските фантазери  се оние кои се држат до верувањето дека можеме да продолжиме да го искористуваме природниот свет за да ги задоволиме сите наши желби. Ако тоа е економија!

Токму затоа, крајно време е да ја сфатиме алармантноста на ситуацијата и да почнеме да преземаме нешто за нејзино ублажување и решавање. А, во дефицит на простор и моментално дадени услови, едно од решенијата е подигнување на кровни градини кои го намалуваат загревањето. Имено, според истражувањата, крововите на кои има поставено кровни градини се со 1-4 Целзиусови степени пониска температура, наспроти конвенционалните кровови.

Дополнително, кровните градини го подобруваат и квалитетот на воздух. Истражувачите проценуваат дека кровна градина со површина од 100 м² може да отстрани околу 40 килограми PM честички од воздухот за една година, а истовремено произведува кислород и го отстранува јаглерод диоксидот (CO2). Покрај тоа, во лето, градините на кровот можат да задржат до 80% од врнежите, а во зима до 40%. По искористувањето, водата се враќа во атмосферата преку транспирација и испарување. И не само тоа, зелените кровни површини, го намалуваат нивото на бука односно служат како звучен изолатор, ја намалуваат потрошувачка на енергија за греење и ладење во домот, а воедно ја зголемуваат и естетската вредност на објектот и даваат пријатен амбиент за оние кои престојуваат во нив.

Имајќи ги сите овие бенефити од кровните градини на ум, флора-мисионерите од Градинарскиот центар ФОЈА од Скопје, преку иновативност и внесување новитети во областа на хортикултурата успеаја да го подигнат поставувањето на зелени кровни површини на уште повисоко ниво, а на тој начин оправдувајќи си го својот слоган – „Градинарство на висина“.

Имено, од неодамна, во хортикултурното уредување ФОЈА ги воведоа своите Sempervel инстант вегетативни модули, кои се наменети за брзо и лесно подигање на екстензивни и полу-интензивни кровни градини за приватни и јавни објекти.

Иновативноста на Sempervel модулите, која беше препознаена и поддржана од страна на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), е во тоа што ги обединува во еден единствен процес сите три претходни фази на изведување на кровните градини, кои досега се практикувале одвоено. На тој начин, овие модули ги намалуваат средствата, времето и ресурсите за 30%.

Sempervel модулот е едноставен за монтажа и лесен за одржување. Отпорен е на екстремно ниски и високи температури и е изработен од материјал кој е отпорен на механички притисок, а се одликува со голема еластичност. Функционира како дренажно-акумулационен елемент, кој во долните мембрани е исполнет со вулканска лава. Во погорните слоеви е исполнет со специјален супстрат и е со засадени неколку видови на зимзелени, нискорастежни, повеќегодишни растенија (перени-покривачи), кои не бараат голема грижа и издржуваат екстремни климатски влијанија.

Поради модерните и иновативни својства, Sempervel може да придонесе кон масовно, брзо и економично озеленување на нашите градови, на тој начин правејќи ја иднината на хортикултурното уредување и живеење, во чии благодати ќе уживаме сите. Лек за изгор летата во градот има, на нас останува да почнеме да превземеме нешто околу тоа!

Translate »