Експертите согласни – јасен знак кој укажува дека сте прележале Ковид-19, а можеби не сте знаеле

Медицинските експерти од Израел потврдиле дека ова е најчеститот симптом кој што се појавува кај пациентите кои што биле заразени со Ковид-19.

Додека земјите ширум светот се соочуваат со драстичен скок на бројот на заразени од Ковид-19, многу од медицинските експерти веќе со месеци ги проучуваат пациентите кои што ја прележале болеста.

Истражувањето од Ерусалим открило нешто што сите треба да го знаеме: 50 отсто од пациентите кои што биле заболени од Ковид-19, доживуваат општа слабост по борбата со вирусот, без оглед на тоа дали станува збор за полесна или пак потешка клиничка слика.

„Најмалку половина од пациентите со Ковид-19 и понатаму патат од општа слабост и потешкотии со дишењето со недели и можеби и месеци по закрепнувањето, покажаа прелиминарните резултати од израелското истражување“ – пренесува „i24“.

Пулмолошкиот институт во Медицинскиот центар „Шаре Зедек“ во Ерусалим, во недела ги објавил своите резултатит кои што се однесувале на 10-на пациенти заболени од Ковид-19, од благи до умерени и сериозни здравствени состојби.

Околу 50 отсто од нив имале ист симптом – општа слабост по закрепнувањето, кое што не е поврзано со тежината на болеста.

Истражувањето открило дека пациентите со полесна клиничка слика имале долготрајно оштетување на белите дробови, додекa пак оние кои што биле со посериозна клиничка слика нужно пријавувале слични потешкотии.

„Меѓу симптомите кои што ги пронајдовме имаше општа слабост кај поголемиот дел од испитаниците, кашлање или краткотраен здив, појава на фиброза, опструкции и сомнеж за белодробна хипертензија“ – изјавил професорот Гебриел Избики, директор на Пулмолошкиот Институт кој што го покренал ова истражување.

Translate »