ЈА СНИМАЛ ДЕВОЈКА МУ БЕЗ ДА ЗНАЕ – потоа ја уценувал откако не сакала да се омажи за него

Некои луѓе како уште да не знаат дека уцената е кривично дело, па си дозволуваат да влегуваат во такви „авантури“ и да уценуваат, притоа како да не се свесни дека ќе сносат последици.

Најново таков случај е со 36 годишниот граѓанин на Куаново.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против него, поради сомнение за сторено кривично дело “уцена“.

Пријавениот, во периодот од 2019 и 2020 година, бил во љубовна врска со оштетената, при што во тој период, без нејзино знаење, направил снимки со компромитирачка содржина.

Во април годинава, откако оштетената ја одбила неговата брачна понуда, истиот и се заканил дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели, праќајќи и притоа две снимки и заканувајќи се дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи.

Translate »