Приведен кумот на Груевски: Обвинителството отвори истрага за плацевите на Водно, вмешани се Мијалков и Камчев

Полицијата денеска го приведе Ристо Новачевски кој е кум на поранешниот премиер Никола Груевски кој и натаму е во бегство во Будимпешта.

Поради спорните плацеви на Водно каде како купувачи се јавуваат сомнителни офшор компании, по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, денеска е уапсен Ристо Новачевски.

Една од компаниите во чија сопственост е земјиштето од 10-тина илјади квадратни метри на Водно е „Сирах Инженеринг“, која пак е во сопственост на „Сирах Лимитед“ – фирма регистрирана во Белизе и во сопственост на Новачевски.

Новачевски денеска ќе биде однесен пред судија, а полицијата наводно веќе извршила и претрес во неговиот дом.

Oбвинителството покрај Никола Груевски и неговиот кум Ристо Новачевски, за перење на пари ги сомничи и поранешниот „разузнавач“ Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, како и Ненад Јосифовиќ.

Translate »