Потресно видео од пожарот во Измир две жени скокнаа од шести кат
Две жени се сериозно повредени откако скокнале од шестиот кат на хотел во Измир, по избувнувањето пожар во него, објавија турските медиуми.
Жените скокнале на автомобил паркиран пред хотелот, а другите гости се безбедно евакуирани, пренесе приватната агенција Доган.
Приватната телевизија НТВ јави дека пожарот е брзо ставен под контрола, а засега не се познати причините за него.
Корисници на Јутјуб постираат и снимки за кои тврдат дека го прикажуваат страшниот момент кога пламените ги принудиле двете жени да скокнат од прозорецот на шести кат.