Мицкоски им се закани на маскираните кои нападнаа струмичанец затоа што го критикувал Вице Заев: Ве знаеме кои сте!
Претседателот на опозициската, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање на партискиот протест во Прилеп, им испрати порака и на тројцата маскирани лица кои на 17-ти месецов го нападнале струмичанецот, Митко Ѓорѓиев. „Ве знаеме кои сте“, им порача Мицкоски.
-Од градот херој, градот на непокорот, да им порачам на оние тројца јунаци кои носеа маски и нападнаа недолжен човек пред неговиот дом само затоа што неколку дена претходно ги критикувал Зоран и Вице Заеви. Знаеме кои сте, ќе дојде денот кога ќе ги извадите маските, ќе плачете и молите за тој грев што сте го сториле. Ние ќе ви простиме, но дали човекот кој има тешки телесни повреди ќе ви прости. Кукавици, срам да ви е, тројца со маски, 60 годишен човек нападнавте. Тоа ли се битангите што треба правдина да спроведуваат, кога ќе затаи Русковска обвинителството. Ве знаеме кои сте, запамете го денот, живеете во страв и неизвесност за вашата иднина. Овој народ нема да ви прости што го нападнавте човекот – порача Мицкоски.
Како што претходно изјави Ѓорѓиев тој бил нападнат околу 17 часот во понеделникот на улицата пред неговиот дом. Струмичанецот се сомнева дека ова му се случило затоа што една недела претходно се јавил во живо на 1тв и говорел против Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.
-Ова е поради тоа мое јавување, сигурен сум. Таму кажав како Заеви ја тероризираат Страница и сега ми се случува ова – рече Ѓорѓиев.
фокус.мк