ОН предупредува: Температурите ќе го надминат клучниот праг до 2024-та година

Светската метеоролошка организација предупредила дека глобалните температури на годишно ниво во наредните пет години, прв пат, би можеле да го минат клучниот праг од 1,5 степени Целзиусови.

Метеоролошката агенција на ОН наведува дека метеоролозите предвидуваат дека постои 20 проценти шанса дека температурите на глобално ниво ќе бидат 1,5 степени Целзиусови повисоки од прединдустирскиот просек во текот на најмалку една година, во периодот помеѓу 2020-та и 2024-та година. 

Инаку, во Сибир е постигнат нов температурен рекорд бидејќи просечните температури во јуни, втора година по ред, значајно се зголемени.

“AP” потсетува дека државите ширум светот во 2015-та година се согласиле да се ограничи глобалното затоплување на ниво од 1,5 степени Целзиусови.

Според наводите на научниците, просечните температури ширум светот веќе сега се најмалку еден степ Целзиус повисоки отколку во периодот меѓу 1850-та и 1900-та година поради емисијата на стаклена градина која ја предизвикал човекот.

Светската метеоролошка организација, чие седиште е во Женева, наведува дека постои шанса од 70 проценти дека прагот од 1,5 степени Целзиусови ќе биде надминат за за само еден месец во период меѓу 2020-та и 2024-та година.

Како што се наведува, со очекува дека во период од пет години просечните темепратури на годишно ниво ќе бидат од 0,91 до 1,59 степени повисоки од просекот забележан во прединдустирскиот период.

Translate »