Партијата на Села, Ахмети ја нарече “несериозна”
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21, Алијанса за Албанците ја нарече несериозна партија која има само двајца пратеници и со тоа испрати порака дека не очекува повеќе да биде дел од владината коалиција.
На изборите во декември коалицијата на трите партии во Алијансата доби тројца пратеници. Тоа значи дека пратеникот од РДК, Весел Мемеди веќе и официјално е пред излез од коалицијата на Алијансата од собраниските клупи. И двајцата пратеници на ДПА се сè поблиску до владеачкото собраниско мнозинство.
Тензиите меѓу Ахмети и Села се продлабочија за време на локалните избори кога ДУИ и Алијансата се бореа меѓусебе за градоначалнички места
Овој нивен конфликт ги комплицираше односите во Владата, со што испразнето место во Министерството за здравство стоеше празно неколку месеци.
Од вчера и официјално Владата за министер за здравство го предложи Венко Филипче, како кандидат на СДСМ.