dm #FindYourBeauty фестивалот за убавина ги маѓепса девојките во Скопје!


dm дрогериите им приредија едно ново и поинакво Beauty доживување и можност да бидат #скрозјас на младите девојки и жени на 24.5.2025 (сабота) од 12:00 до 18:00 во салата Борис Трајковски во Скопје.

На настанот присуствуваа илјадници девојки и жени од целата држава, кои трпеливо и со видлива возбуда чекаа во редици за да ги искусат многубројните активности. Преку интерактивни игри и во потрага по својата уникатна убавина, тие имаа можност да ги испробаат производите од богатата понуда на 19 врвни брендови — за шминка, нега на лице и коса, како и природна козметика и органска храна кои се дел од асортиманот на dm дрогериите.

Бидејќи настанот беше и од едукативен карактер, посетителките имаа можност да слушнат совети за убавина од beauty експертки за време на панел-дискусиите, како и да научат повеќе за време на работилниците за изработка на природни лосиони и балсами за усни. Дополнително, секоја од нив доби можност за бесплатно одредување на типот на својата кожа, како и совети за подобрување на негата. Во делот на разубавувањето, секоја посетителка доби бесплатен маникир по сопствен избор, како и персонализирана анализа на боја, со цел да дознае кои нијанси на шминка најмногу ѝ одговараат според тенот на кожата, бојата на косата или очите.

„Настанот беше навистина инспиративен и убаво осмислен – една од оние прилики каде што можеш да научиш нешто ново, да се релаксираш и да се поврзеш со други жени со слични интереси. Мене лично многу ми се допаднаа креативните работилници, особено делот со изработката на природни лосиони и балсами за усни. Посебните катчиња за инста фотки беа одличен детаљ што ја збогати атмосферата и му даде модерен шмек на целиот настан. Вакви настани се навистина значајни затоа што им даваат на девојките и жените простор за себе, за личен развој и за инспирација. А за dm – секогаш ми оставал впечаток на бренд кој вложува во заедницата и се грижи вистински за своите потрошувачи”, вака ги сумираше своите впечатоци познатата инфлуенсерка за убавина Софија Јанева.

Салата беше исполнета со девојки кои, воодушевени и импресионирани од врвната организација на настанот, разменуваа искуства во зоните за релаксација, се фотографираа насмеани во специјално дизајнираните фото-катчиња и шетаа видно задоволни, носејќи полни dm торби со подароци и производи од секој бренд учесник на настанот.

dm #FindYourBeauty фестивалот за убавина докажа дека #скрозјас не е само кампања, тоа е една заедница, еден моќен женски свет, коj соединува и спријателува силни, среќни и храбри жени и девојки кои ја слават женската убавина, привлечност и уникатноста.

Фото: дм

Фото: дм

Фото: дм

Translate »