Починал третиот човек на Германија: Вчера гостувал на државната телевизија и само паднал

Потпретседателот на Германскиот Бундестаг, Томас Оперман, ненадејно починал, пренесуваат германските медиуми.

На политичарот од редовите на СДП вчера му се слошило во текот на снимањето за ZDF, па бил итно префрлен во болница.

Министерот за труд, Хуберт Хајл, преку Твитер изразил сочувство поради смртта на партискиот колега.

Инаку, Оперман кон крајот на август најавил дека нема да се кандидира на претстојните парламентарни избори.

“По три децении како пратеник во покраинското собрание на Долна Саксонија и во Бундестагот, сега е најдобар момент да работам нешто друго и да се завртам кон нови проекти”, рекол тој.

Оперман од 2013-та до 2017-та година бил шеф на пратеничкиот клуб на СДП во Бундестагот.

Во својот изборен округ, Гентинген, тој бил четири пат по ред избран директно.

На функцијата потпретседател на Бундестагот тој се заложувал за намалување на парламентот и реформа на изборниот закон.

Translate »