Рамсторе заедно со своите потрошувачи и вработените донираа по повод Светскиот ден за борба против гладта
По повод светскиот ден за борба против гладта, а во насока на визијата на Рамсторе која има за цел да превземе активности, чувствителни кон општеството и околината, традиционално по 4. пат организираше волонтерска акција помеѓу своите вработени и подржани од потрошувачите под мотото “ЗАПОМНИ! Еден од шест луѓе си легнува гладен секоја вечер” .
Кампањата које траеше една недела и се спроведуваше во трите поголеми маркети на Рамсторе покажа голем интерес како од страна на вработените така и од страна на потрошувачите. За краток период се собраа приближно 1 тон храна и истите се доделија на Црвен крст на Република Северна Македонија со цел да се помогне на ранливата категорија на население.
Секоја компанија која своите успешни резултати ги остварува благодарение на довербата на своите потрошувачи, тежнее и мора да и возвраќа на заедницата. Вредностите врз кои Рамстор го темели својот успех со квалитет, врвна услуга, доверба, иновации во работењето и разбирање на локалната заедница. Рамсторе, со високите малопродажни стандарди, задоволни вработени и своите добавувачи со кои гради фер односи, на чувствителен начин ја сноси општествената одговорност.
Големиот интерес од страна на нашите вработени и потрошувачите е доказ за постоење на хуманост и солидарност и како компанија и како личности.
Ние како компанија ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со цел да го побудиме хуманиот дух кај луѓето и да го поттикнеме чувството на солидарност на хумана димензија кај сите. Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето општество, а воедно ќе им помогне на оние на кои им е најмногу потребна.