Урда-вистински природен извор на калциум

Урдата на Млекара Здравје неодамна ја откривме, по совет на едни пријатели, и од тогаш не се случило дома да ја нема. Иако сите дома сме големи мераклии на бело сирење, се почесто купуваме и македонска урда од Млекара Здравје, во литарско кантиче.

Најчесто ја консумираме наутро, на децата им ја мачкаме на лебче, додека јас со сопругот ја јадеме во комбинација со зеленчук, и тоа најчесто со домат. Не ретко ја пржиме и со јајце, а се почесто ја користиме пред ручек кога со неа подготвуваме шопска салата.

Белото сирење не ни е отфрлено од менито, но полумасната урда ни овозможува дополнително да јадеме здрави млечни производи, богати со калциум, и неопходни за коските.

Урдата претставува вистински природен извор на калциум и на лесно сварливи белковини кои се важни за коските, а содржи и корисни бактерии за рамнотежа на цревната микрофлора, изјави Трендафилка Д. 63 годишна пензионерка.

Translate »