Луѓето кои живеат во загадените средини се во поголем ризик од компликации предизвикани од коронавирус
Едно истражување кое го спровеле од Харвард од Бостон, покажало дека загадувањето на воздухот е поврзано со поголема стапка на смртност кај луѓето заболени од коронавирус, пренесува „Гардијан“.
Оваа анализа утврдила дека малиот пораст на нивото на загаденост во воздухот во годините пред пандемијата е поврзан со зголемената стапка на смртност од 15 отсто.
Истражување спроведено во САД наведува дека малку почистиот воздух во Менхетен во минатото можел да спаси стотина животи. Тоа сугерира дека луѓето во загадените средини се во поголем ризик од смрт од оние кои живеат во почистите подрачја.
Според експертите, загадениот воздух може да го зголеми ризикот од актуелните респираторни болести, но и срцеви проблеми.
Во одвоен извештај, научниците од Италија наведуваат дека високата стапка на смртност које се забележува на север од оваа земја, одговара на највисоки нивоа на загадување на воздухот.
Поради ваквите резултати, научниците сметаат дека подрачјата со висока загаденост на воздухот треба да преземат дополнителни мерки за време на пандемијата на коронавирусот.