Дали ова лето треба да планираме одмор
Д-р Предраг Кон го открива одговорот на прашањето кој што на многумина нè интересира, а според неговите зборови тој би бил ‘подобро не’.
Познатиот епидемиолог, Предраг Кон, на денешната конференција одржана за медумите, на прашањето дали ова лето треба да планираме летување, одговара:
„Лично, не очекувам во текот на летото да има заболени луѓе и нови случаи. Но, не знам која е таа сила што ќе натера некој по ваква епидемија, по секога цена да оди на летување.
Подобро е да останете дома, но тоа е мое лично мислење кое што не е засновано врз основа на некаква епидемиологија. Кога имате ситуација дека постои закана од ваков вид и се наоѓате во некоја странска земја, тогаш подобро е да бидете дома, доколку сето тоа веќе се случува низ целиот свет“ – изјавил тој.