Зошто се игнорира иновативната мерка за заштита од загадување?
Да се чека ветрот да дувне и да ги расчисти ПМ 10 честичките од воздухот и така да се намали загадувањето, да не се преземе ништо, не е сфатливо за двајцата професори од земјоделски и од ФИНКИ.
Професорите предлагаат едноставно решени за да дишеме слободно. Со примена на мал трактор и прскалка – атомизер со примена на обична вода односно со таканаречената аеросолната метода можат градските власти да помогнат да се намали загадувањето до нормални граници.
За да се увериме дали функционира оваа метода, заедно со професорите специјално пред камерата на канал 5 организиравме мала демонстрација. Во лисиче донесовме трактор со атомизер полн со обична вода, професорите донесоа мобилен уред кој мери пи ем 10 честички според сите стандарди и со сите потребни сертификати за веродостојност на податоците. Ги измеривме просечните вредности пред прскањето и тракторот направи едно третирање. Пред прскањето пи ем 10 честичките беа 174 додека по третирањето за околу половина час беа измерени 141 микрограми на метар кубен на истата локација. Вакви третирања професорите лани зимото организирале во општина Куманово кои траеле околу еден месец и таму резултатите покажеле одлична ефикасност и успешност на методата која функционира по принципот на создавање вештачки дожд во зоната на загадувањето при што водата ги врзува за себе честичките и ги лепи на земја.
За да се зголеми ефектот на оваа метода во водата може да се додава и обичен шеќер за подобро да се лепат честичките од воздухот а кога тоа ќе се надополни со перење и на улиците тогаш мерката дава солидни показатели. Оваа евтина краткорочна метода според професорите кои ја откриле може да биде една од мерките кои ќе помогнат критичните денови со висока загаденост полесно да ги пребродуваме.