„Пакомак“ донираше специјални контејнери во Општините Брвеница и Боговиње со цел и во вонредни услови отпадот кој се создава да не заврши на депониите
И во услови на вонредна состојба, ограничен престој надвор од домот и самоизолација за поголемиот дел од населението, се создава отпад од пакување кој не треба да заврши на депонија заедно со останатиот отпад. Животната средина е неповратен ресурс, и токму затоа и сега а и во иднина треба одговорно да се однесуваме кон неа. Отпадот сеелктивно да го одложуваме, потоа тој да се рециклира, и што помал дел од него да заврши на депонија. На таков начин се заштитува природата, квалитетот на почвата, на воздухот кои се од непроценливо значење за секоја општина.
Токму затоа „Пакомак“ и во овој период продолжува со своите континуирани инвестиции во подобрување на комуналната инфрастуктура во земјава. Овие денови општините Брвеница и Боговиње добија донација од специјални контејнери за селективно одложување на отпадот, со цел на сите оние општетсвено одговорни жители им го олеснат процесот на селективно одложување на стаклото, пластиката, хартијата и други композитни амбалажи. И на тој начин да овозможи на сите оние еко свесни жители полесно да покажат грижа и одговорност во нивното место на живеење.
Во општина Брвеница се поставени неколку зелени пластични игло контејнери од 1,5 m3 наменети за одложување на стакло, како и сини пластични игло контејнери од 1,5 m3 за одложување на хартија и композит. Исти такви зелени игло контејнери се поставени и во оптина Брвеница, каде исто така се поставени и мали канти за селективно одложување на џебен отпад, посебни за пластика, лименки и комунален отпад. Ова не е прва донација на „Пакомак“ во овие две општини, со која сега дополнително се подобрува комуналната инфрастуктура.
Градоначалниците на двете општини упатија благодарност до компанијата „Пакомак“ за тоа што како специјализирано друштво за управување со отпад од пакување искажа разбирање за потребите на овие општини, и уште еднаш ја потврди својата општествено одговорна улога на компанија која континуирано се грижи за подобрување на еколошката состојба во нашата земја.
„Пакомак“ е непрофитна компанија која веќе една деценија работи на полето на управување со отпад од пакување во нашата држава и е првата компанија во РС Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи.