9 ВИДОВИ РАСТЕНИЈА КОИ ЌЕ ЈА РАЗУБАВАТ ЕСЕНСКАТА ГРАДИНА …СО ФОЈА

Есента со себе го носи колоритот на сите бои во градината и ги буди емоциите кон цутовите и плодовите предизвикувајќи насмевки на задоволство. Им се радуваме на растенијата кои му пркосат на ветрот, си играат со дождот и му благодарат на сонцето. Ова е нивното време.
Постојат видови кои својата декоративност најмногу ја достигнуваат во текот на есента. … На балконот, во градината, па дури и во малото дворче, тие ќе му дадат раскош на просторот.
Есента е период на промени,а најголемите промени ги забележуваме во нашите градини каде боите се менуваат, природата се подготвува за зимување, денот е пократок, се е поинаку….но, растенијата, тие ги разигруваат градините, горделиво ги покажуваат цутовите и доминантно ги полнат парковите. Внесете неколку од нив во Вашата градина и истата ќе Ви биде благодарна. Со Фоја радоста е околу нас.


1. Chrysanthemum – Хризнтема

…Обземаат со чувство на среќа, грандиозност и љубов !
Впечатливи есенски убавици за секој амбиент.
Цветовите варираат од мали 5цм до големи цветови од 20цм кои се појавуваат кон крајот на летото и се задржуваат до есента. Карактеристични се пурпурните бои, жолта, портокалова или бордо, но и благите нијанси. Особено впечатлива е белата хризантема за која никој  од нас не останува рамнодушен.
Покрај повремено наводнување, не е потребна дополнителна нега. Цветаат од септември до декември. Даваат посебен декор и како самостални и насадени во комбинација со други видови, најчесто со зимзелените или во доцна есен и покрај листопадните растенија.
Предноста на градината уредена со хризантеми, е во отпорноста и издржливоста на цветот. Тие едноставно владеат со околината, па не случајно се нарекуваат Кралици на есенските градини. 



2. Calluna

Повеќегодишна зимзелена грмушка, која со посебен дезен ги разубавува градините во текот на пролета и есента.
Со Calluna ќе внесете свежина во вашиот двор или во комбинација со друго растение може да креирате зимзелените докоративни садници.
Зимзелена, ниска грмушка, во висина расте 30-50cm, во природна топчеста форма
Може да се одгледува на сончеви или полусенковити позиции.
Со минимална грижа со редовно полевање, повремено ѓубрење и отстранување на прецветаните цветови, оваа прекрасна грмушка ќе ја разубави вашата есенска градина.



3. Loropetalum chinense ‘Black Pearl’

Често на нашите градини во есен им недостасуваат декоративни грмушки. Ги сакаме цветни и со пурпурни бои. Loropetalum chinense ‘Black Pearl…е вистинскиот избор. Зимзелена грмушка со богата лисна маса од темно бордо-виолетови листови во текот на целата година.
Обилно цвета во рана пролет со розеви, ресести цветови.
Бавно расте и достигнува крајна висина од 1-1.5м.
Најдброто место за неа , што е од витално значење  е да одберете засолнета јужна до југозападна позиција на сонце или делумна сенка. со Со своите бордо виолетови ливчиња ја разбива едноличноста на зеленилото и внесување страст во есенската градина. Освен што е одличен избор за формирање на ниски бордури, изгледа прекрасно и во камено градини, покрај декоративни камења. Црвеното е секогаш посакувано. Го имаме во Фоја.



4.Cortaderia selloana- Пампас трева

Може често да ја забележите…и секогаш ќе ве воодушеви од почеток. Грациозна листопадна декоративна трева, со специфични пердушести цветови, спој на моќен декор и елеганција.
Coraderia sellona или пампас трева потекнува од Јужна Америка, од регионот наречен Пампас, по кој и го добила името.
Листовите и се тенки, со остри врвови и густо распоредени во вид на фонтана. Цвета со кремаво-жолт цвет, кој по форма наликува на пердув.
Таа е повеќегодишен вид кој достига и до 3м. во висина.
Цветовите можат да се пресечат и да се користат како декор во ентериериот.
Преферира да биде поставена на сончеви позиции, но и на полусенковити, во саксии или директно во почва.
Брзорастечка декоративна трева  која лесно се одгледува и за кратко време го дава посакуваниот ефект. Откако ќе прецвета дршката од цветот се сече до основата. Во зима лисната маса се суши, добива кафено-златна боја. ОД ФОЈА, одличен избор за сечија градина.



5. Nandina domestica ‘Fire Power’

Понекогаш сакаш многу бои, нијанси, адреналин….Природата смирува, но и возбудува…..ти мами погледи, раѓа емоции…
Nandina domestica ‘Fire power’ е компактна зимзелена грмушка
Новите, млади листови на пролет имаат лимон-зелена боја, а понатаму со созревањето во средината на летото добиваат потемно зелени тонови, светло-црвени тонови при крајот на летото, пред да добијат огнено-црвена боја на есен и зима.
Користете ги како светол акцент, шарена бордура или неформална  жива ограда.
Преферира сонце, до полусенковити позиции и може да достигне просечна висина до 60cм-120cм.ПОБАРАЈ ЈА ВО ФОЈА.



6. Photinia red robin

Ја знаете, нели ? Photinia.
Исклучително декоративен вид, носи свежина со зеленото и емоција со црвеното, двете бои на нејзиниот карактер. Цела година ги разубавува градините, а во текот на есента привлекува со впечатливиот пурпур на листови.
Зимзелен вид кој има многу намени: За подигање зелена ограда, како фокална точка во дворот, во комбинација со други видови, во топијарена кроена форма…
Може да се одгледува во саксии или директно во почва.
Едноставна за одгледување, лесно прилагодлива на секој вид почва.Отпорна е на болести и паразити.
Сигурно ви треба. ОДБЕРЕТЕ ВО ФОЈА.


Photinia Red Robin zimzelena grmuska



7. Miscanthus sinensis

Листовите во лето:  густи зелени,…Цветовите: како пердув.  Доцна на есен: се позлатува…Ја претста вуваме: со многу стил…ЗЛАТНАТА ТРЕВА.
Одличен вид за егзотични градини, покрај базени, фонтани, во комбинација со други видови или индивидуално.
Формира интересна бордура, за внесување текстура помеѓу грмушки и перени, или едноставно како фокусна точка.
Додава драматичност и моќна структура на пејсажот, Miscanthus Sinensis, е фамозна орнаментална трева која го наоѓа својот престол во градината. Нејзиниот карактер е питок, но впчетатлив.Одлична е во зима, креира пејсаж на елеганција и емоција.ВО ФОЈА Е СЕГА.



8. Pyrocantha coccinea

Препознајте ја: зимзелена грмушка што има бобинки.Неодоливо декоративна и лесно одржлива.
Може да се одгледува во саксии како и да се засади директно во почва, како жива ограда или да се распространи на решетки од ограда.
Pyrocantha има спектакуларни декоративни маси од групирани портокалови бобинки кои доаѓаат на есен и се задржуваат преку цела зима.
Секој ќе ја забележи, трајна е и лесно одржлива.ЈА ПРЕПОРАЧУВАМЕ ВО ФОЈА.



9. Heucera

За елеганција ти треба: боја, стил, модел….и се разбира креатор. Овојпат креираше природата.  Heucera е листопаден повеќегодишен вид на грмушка, атрактивна најмногу поради широките заоблени листови со посебен сјај и  темна бордо боја која се задржуваат во текот низ целото цветање.
Позната е  како грмушка со многу варијатни и исклучително лесно одржување. Може да порасне и до 60цм во висина. Цветовите  се со мали кремасти ѕвончести форми и се карактеристични за периодот од Апри до Јуни. НАЈУБАВИТЕ СЕ ВО ФОЈА.


Translate »