Зовриени страсти пред Собранието
Пред Собранието на Македонија се одржува протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. Протестот е организиран преку социјални мрежи.
Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон.
Бараат граѓаните да одлучуваат за својата и иднинатата на државата.
Учесниците во протестот извикуваат пароли „Македонија, не го даваме името“ и пејат патриотски песни.