Полицијата ги растера демонстрантите со шок бомби и солзавец
Полицијата со солазавец и шок бомби ги растера демонстрантите кои протетсираа пред Собранието поради потпишаниот договор со Грција за конечно решавање на спорот за името.
Околу 21 часот демонстрациите станаа насилни откако демонстрантите почнаа да ја тргаат оградата и се обидоа да влезат во Собранието.
По употребата на солзавец и шок бомби од полицијата, интервенираше и Брзата помош. Два кордона специјална полиција го чува Собранието.