„Сопругата ја испратив кај родителите со детето, па ја променив бравата“: Татко направил неверојатен потег, а еве зошто сите го поддржале!
Маж кој сакал да остане анонимен, се пожалил на „Редит“ за својот брак.
Имено, тој после 3 години дознал дека ќерката не е негова и дека сопругата го изневерила. Потоа опишал што направил по повод таа ситуација.
„Со сопругата имаме 3-годишна ќерка. Имав сомнеж дека девојчето е мое и воопшто не личи на мене. На крајот скришно направив ДНК тест. Навистина не е моја ќерка. Пред една недела ѝ го кажав тоа на сопругата и побарав развод. Врескаше, ме удираше, ми велеше дека не ме изневерила. Си заминав мирен и прибран и ѝ велев дека ќе ѝ простам ако признае. На крајот призна дека ме изневерила, но според неа тоа не е страшно, бидејќи се случило само еднаш“, рекол сопругот.
„Се разбира, не ѝ опростив. Ѝ реков да го земе детето и да отиде кај нејзините родители, за наводно да размислам. Кога си замина само ја променив бравата. Не планирам да ѝ простам и нема што да се размислува, помеѓу нас е готово, но морав да ѝ го кажам тоа инаку ќе одбиеше да си замине. Жал ми е за девојчето, но не сум нејзин татко и таа повеќе не е моја одговорност. Мојата наскоро поранешна жена нека му се јави на биолошкиот татко на детето ако ѝ е потребна помош. Сама си ископа дупка и нѝ ги уништи животите“, заклучил несреќниот маж.
Во коментари луѓето ја поддржале неговата одлука од очигледни причини.