Мојата девојка е трудна, а јас се заљубив во колешката-битолски непребол
Нашиот соговорник ја започна својата приказна со молба некој да го посоветува. Еве ја неговата исповед.
Имам 36 години , а мојата вереница 23. Немојте да ме разберете погрешно, таа е прекрасна девојка, но јас засакав друга. Моите постојано ме притискаа да се женам. Кога конечно ја сретнав мојата свршеница , веднаш ја бендисаа, а јас паднав на нејзината младост и енергичност. Ми годеше покрај себе да водам такво младо и убаво девојче. Кога ми кажа дека е трудна , многу се израдував. За првпат посакав да се женам.
Е сега…Работам во една битолска банка. Имам колешка на моја возраст, со која се знаеме со години, но само како пријатели. Таа работи на компјутери, а јас сум сметководител. Една вечер ја поканив на пијалак после работа, не ми се одеше дома. Додека седевме во кафулето, и се пожалив дека малку ме фаќа трема што наскоро ќе стапам во брак и ќе станам татко. Се насмеа, ја крена чашата и ми наздрави за храброста. По неколку чаши вино, во кола лом се напраивме. Подобар секс во живот сум немал. Тоа ни стана навика, секоја среда се наоѓаме во мотелчето до градот. Вереницата мисли дека сум со другарите на кафе. Почна како авантура, ама сега не можам без неа. Си го имаме муабетот бидејќи сме исто годиште , ама и сексот е убав. Не знам што да правам, детето уште малку па ќе се роди… Ми доаѓа успич да фатам…