Вело Марковски: Пред вакцинирањето мора да се провери нивото на антитела- прележувањето на болеста е најдобра имунизација
Инфектологот Вело Марковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на фејсбук, вели дека треба да се оди внимателно со вакцините и вели дека најдобар начин за имунитет е да се прележи болеста.
„Дали се вакцините решение за некоја инфективна болест?
Да, вакцините се решение за секоја инфективна болест.
Дали се вакцините единствена заштита од одредена инфективна болест?
Не, најдобар начин на заштитата од некоја инфективна болест е прележување на таа болест. Во зависност од антигенската стабилност на некој причинител, имунитетот по прележана болест е долг/доживотен или краток (сезонски). Постои и термин на тивка имунизација која настанува кај медицинскиот персонал кај кој поради чест контакт со одреден причинител се создава заштитно ниво на антитела, значи се добива заштита без разболување или вакцинирање. Постојат и превентивни мерки со кои успешно се штитиме од многу инфективни болести“, објаснува тој.
На прашањето дали има вакцини за сите болести, тој со негативен одговор. Вели дека за некои причинители кои не се сериозен проблем нема ни обиди за правење на вакцини, но има и причинители кои се многу сериозен проблем, но човекот со неговата наука не успеал да направи вакцина и покрај долгогодишни напори и потрошени стотици милјарди долари. На пример, ХИВ, стрептокони инфекции, стафилококни инфекции, хеморагични трески, бруцелоза…
„Има ли вакцини кои се употребуваат/употребувале и имаат добра заштита?
Да, повеќето вакцини од таканаречен вакцинален календар се добри и со заштита од 5 години.
Има ли вакцини кои се употребуваат а даваат краткотрајна заштита?
Да, вакцината за грип, е една од најлошите вакцини кои ја направил човекот затоа што дава краток 9 месечен имунитет поради постојаните мутации на неговите клучни антигени (хемаглутинин и неуроаминидаза). Сепак оваа вакцина спасува илјадници животи годишно од таканаречените ризични групи. Најдобра од сите вакцини за грип е таканаречена сплит вакцина, која содржи само површински антигени.“ пишува Марковски на фејсбук.