Заев: Честито мој пријателе Алексис Ципрас, нека е вечен договорот од Преспа
Премиерот Заев не го криеше задоволството од ратификацијата на Договорот од Преспа денеска во грчкиот Парламент.
Тој на социјалните мрежи се заблагодари на Алесис Ципрас за успешното гласање.
„Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа“, напиша Заев на својот Твитер налог.