Парите не ѝ помагаат затоа што болеста повеќе ниту со шминка не може да ја скрие: Додека жените ѝ завидуваат, таа се бори со сериозни проблеми

Ким Кардашијан веќе со години се бори со псоријаза која моментално земала замав, па старлетата „живите рани“ на нозете не може да ги скрие ниту со шминка.

Ким Кардашијан има 41 година, четири деца, нереална убавина и богатство кое го стекнала буквално од нула.

Нема жена на планетата која во еден момент не ѝ завидела на популарната старлета. Но, не е сè толку прекрасно, а на најновите фотографии тоа се гледа.

Имено, Ким Кардашијан деновиве ја „презентира“ Мерилин Монро и тоа подобро од Ана де Армас. Облечена во бел мини фустан со потпис на „Долче и Габана“, брановидна коса и со неверојатни 21 килограм помалку, Ким изгледала феноменално, но….

Во нејзините емисии можевме да видиме дека болеста напредува и дека ѝ се јавува најчесто на рацете и нозете. Секојпат кога е под стрес, по телото на популарната старлета се отвораат „живи рани“ за кои нема лек.

Поради тоа што не можела ништо да направи за болеста да ја санира, Ким развила линија производи – шминка за тело. Познато е дека Кардашијан веќе со денови става пудра на нозете и рацете во обид да ги прикрие знаците на псоријаза.

Translate »