Основниот суд го отфрли барањето за одложување на затворската казна на Груевски
Основниот суд Скопје 1, го отфрли барањето на екс премиерот Никола Груевски за одложување на затворската казна.
„Судија за извршување санкции, постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот означен како „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата“, пишува во известувањето од Основниот суд Скопје 1.
На ваквата одлука, додаваат од скопска единица, дека странките во постапката имаат право на жалба во рок од 3 дена упатена до Кривичниот совет на судот. Тој, исто така има три дена да одлучува по жалбеното барање.
Неодамна екс премиерот изјави дека заедно со својата одбрана ќе ги искористат сите правни лекови за преиспитување на пресудата.. Вакво барање е испратено и до Врховниот суд.
Екс премиерот Никола Груевски е осуден на две години затвор за набавката на блиндираниот мерцедес, а во постапката на затворски казни се осудени и помошник министерот во МВР, Ѓоко Поповски како и екс министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска.
Инаку според упатниот акт, Груевски треба да се јави во затворот Шутка до 8 ноември.