Фотографии кои јавноста никогаш нема да ѝ ги прости на Мирка Федерер: „Како можеше себеси да си дозволи нешто вакво?“
Мирка Федерер (44) отсекогаш имала јасна цел пред себе, а тоа е семејството и Рожер Федерер.
Рожер Федерер (41) вчера ја заврши својата кариера во професионалниот тенис, а покрај него како и секогаш стоеше неговата сопруга Мирка со која тенисерот е во брак од 2009 година.
Во текот на интервјуто кое било по повод пензионирањето, Рожер плачеше пред сите, видно потресен. Мирка уште еднаш како негов голем заштитник стана и дотрча до него.
Самиот Федерер кажал неколку пати дека без сопругата не би бил тоа што е и дека таа секогаш била тука за да го „турне“ понатаму.
Како сопруга на тенисерот кој со години беше број 1, Мирка отсекогаш беше под лупата на јавноста.
Социјалните мрежи експлодираа, а еден од коментарите посебно се издвоил: „Како можеше да си дозволи да се здебели толку? Како можеше себеси да си дозволи вакво нешто?“
Никој не го зел предвид фактот што Мирка родила близнаци, синовите Лео и Лени, но и двете ќерки близначки Мила и Шарлин и дека на Мирка секогаш ѝ било поважно семејството отколку тоа како изгледа.
Оттогаш до денес Мирка варирала со килограмите и никогаш не дозволила јавноста да ја насочи кон тоа што треба да ѝ биде важно во животот, зошто за неа тоа отсекогаш било семејството.
Фотографии од Лајвер купот: