Борисов и Ципрас го убедувале Макрон за Македонија

” Заедно со Ципрас разговаравме со Макрон за иднината на Македонија и Албанија. Се надевам дека ги слушнал нашите аргументи. На 4-ти јули ќе бидеме заедно во Солун, а следниот ден  заедно со Ципрас ќе се сретнеме со кинескиот претседател во Софија. Јас го заштитив  и Западниот Балкан кога зборував за Европа, а не само за Европската Унија “, изјави  бугарскиот премиер Бојко Борисов на   вонредниот состанок на земјите членки на ЕУ , посветен на миграцијата.

Лидерите на ЕУ на средбата  во Брисел  бараат начин како да  ги заштитат надворешните граници  и да се  справат со илегалната миграција во Европа. Канцеларката Меркел пред почетокот на состанокот истакна дека , за жал, нема да биде можно да се најде заедничко решение за ова прашање, но затоа ќе можат да се направат дволатерални или трилатерлани спогодби , а не да се чека сите 28 членки да се согласат.

Францускиот претседател Макрон истакна дека мора да се работи со третите земји, надвор од ЕУ,  за да се запре миграциониот бран.

Италија најави дека на состанокот ќе претстави сосем нов план за справување со мигрантската криза.

Translate »