Имаш брат или сестра? Ова е приказна за тебе!

“Брат брата не храни, но тешко на оној кој го нема.”

Секој кој има брат или сестра, знае колку вистина и мудрост има во овие зборови.Чувајте ја  таа љубов и не дозволувајте да се уништи поради имот, семејни спорови и ситни сметки. Еве една  убава приказна , која ќе ве потсети  колку сте  среќни  ако имате  брат или сестра.

Двајца браќа работеле заедно на семејна фарма. Еден бил оженет и имал многу деца. Другиот  бил сам. Браќата го делеле подеднакво  профитот и плодовите на заедничкиот труд.

Еден ден,  братот кој живеел сам, си помислил:

“Не е фер да делиме се подеднакво. Јас сум сам и не ми треба многу, а тој има семејство, на него му треба повеќе.

Затоа почнал секоја вечер да зема по една вреќа брашно од својот куп,  тајно влегувал во дворот на својот брат и ја  фрлал на неговиот  куп.

Во исто време другиот брат си мислел: “Не е фер да делиме се подеднакво. На крајот на краиштата јас имам семејство, имам жена и деца, тие ќе ме гледаат на старост, а тој ќе остане сам.”

Затоа секоја ноќ земал по една вреќа жито и го фрлал на купот на својот  брат.

И така минувале години, а браќата почнале да се чудат зошто купчињата брашно се секогаш исти.

 И тогаш, една темна ноќ, двајцата браќа се сретнале на половина пат и сфатиле што правеле цело време  еден за друг. Ги спуштиле вреќите и се  прегрнале.

 

Translate »