Фејсбук ги призна грешките, Закерберг е повикан на сослушување во Сенатот

Следниот скандал сличен на тој со Фејсбук, после мај може да чини многу скапо, предупреди еврокомесарот за правда Вера Јоурова, која е во посета на САД.

Во текот на мај во сила ќе влезат нови европски правила за заштита на личните податоци.

– Ако некоја фирма го направи тоа во Европа по мај 2018 година, многу е веројатно дека ќе и бидат наложени драконски мерки, истакна Јоурова по средба со министри и конгресмени во Вашингтон.

Во ЕУ, на 25 мај ќе стапат во сила заеднички правила за заштита на личните податоци, со што ќе се зајакне заштитата на информациите за европските граѓани. Тие ќе важат за сите фирми, каде и да се наоѓаат, вклучително и надвор од ЕУ. Новите правила ќе ја претворат ЕУ во место каде измамата ќе чини многу скапо, истакна еврокомесарката.

За време на посетата на Вашингтон, Јоурова нема планирана средба со сопственикот на Фејсбук Марк Закреберг за да разговара за конкретниот скандал. Таа вели дека нема трпение да ги слуша објаснувањата на фирмата.

Извршниот директор и основач на Фејсбук Марк Закерберг, по четири дена молк, вчера ги призна грешките и најави чекори за подобра заштита на податоците на корисниците по скандалот со преземање на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници. Скандлот изби кога се дозна за кражбата на 50 милиони Фејсбук профили од страна на фирмата „Кембриџ Аналитика“ која во 2016 работела во полза на кампањата на претседателот Доналд Трамп.

Закерберг, заедно со главниот директор на социјалната мрежа, е повикан од медиумите и од Капитол хил, на сослушување во Сенатот.

Тој на својот профил на Фејсбук напиша дека компанијата има „одговорност“ да ги заштити податоците на корисниците.

– Ако тоа не го можеме, тогаш не заслужуваме да ви бидеме на услуга, истакна тој.

Закерберг информира дека работел на тоа да сфати што точно се случило и како да се обезбеди тоа да не се случи повторно.

Компанијата Фејсбук загуби околу 37 милијарди долари по скандалот со преземање на лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници. Тоа ги исплаши инвеститорите па вредноста на акциите на Фејсбук падна за околу седум отсто.

Извршниот директор и основач на Фејсбук Марк Закерберг претрпе загуба од четири милијарди долари.

Translate »