Струмичанец со копач во раце демолирал казино
Струмичанец влегол во казиното со копач во раце синоќа околу 18 часот и почнал да удира и да ги крши рулетите и слот машините во казиното „Сенатор“ во центарот на Струмица.
Тој искршил 45 слот апарати и рулет машини.
Инцидентот го потврдија и од СВР Струмица, од каде соопштија дека лицето А.В. е лишено од слобода и е задржано во струмичката полициска станица.