Во Кривичен рочишта за „27 април“, „Тарифа“, „Т.Н.Т.“ и „Титаник 3“

loading...

Во Кривичениот суд во Скопје денеска треба да се одржат четири рочишта. Едно на ОЈО за настаните во Собранието од 27 април и три на СЈО, „Тарифа“, „Т.Н.Т.“ и „Титаник 3“.
Во Кривичениот суд во Скопје денеска треба да се одржат четири рочишта. Едно на ОЈО за настаните во Собранието од 27 април и три на СЈО, „Тарифа“, „Т.Н.Т.“ и „Титаник 3“.
За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На претходното рочиште беа прикажани снимките од видео камерите на Стопанска банка, од Собранието и од телевизиите.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески,
Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
За предметот „Титаник 3“ во кое се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“ треба да бидат сослушани останатите предложени сведоци.

На обвинителна клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Во судот за денеска е закажао рочиште и за предметот „Т.Н.Т“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. За предметот „Т.Н.Т“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Translate »