Одржан завршниот турнир од проектот „Фудбал во Училишта“

loading...

Денес на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје се одиграа завршните натпревари и беа прогласени победниците во првата сезона од проектот за училишен фудбал – „Фудбал сега, фудбал насекаде“. Присуство на 350 дечиња од 2-ро до 5-то одделение, нивните наставници, многу натпревари и уште повеќе постигнати голови, а пред се многу дружење и забава помеѓу учесниците.

По одигрувањето на завршните натпревари ги добивме и најуспешните во двете категории вклучени во првата фаза на проектот.

 

ФФМ упатува искрена благодарност и честитки до сите вклучени во првата фаза од проектот, а пред се до петте илјади дечиња учесници од кои најголем дел за прв пат  имаа можност да се запознаат со убавините на фудбалската игра. Придонесот и искрената посветеност на сите вклучени ни дава уште поголем мотив за уште подобар пристап во следната фаза од проектот која се очекува да стартува во септември 2018. година.

 

Translate »