Да навиваме за Македонија на арената „Филип втори“ вечер против Гибралтар

Фудбалската репрезентација на Македонија на арената „Филип втори“ вечерва од 20:45 часот го пречекува Гибралтар во рамките на последното, шесто коло во УЕФА Лигата на нации.

„Да им дадеме поддршка на нашите момци и заедно да го прославиме првото место во групата. Билетите се во продажба по багателна сума од 100 и 150 денари“, велат од ФФМ.

Со пласманот на првото место во групата, Македонија ќе избори бараж за пласман на ЕУРО 2020. Баражот ќе се игра во март 2020 година, а конкуренти ќе ни бидат три најдобро пласирани репрезентации од останатите три групи што нема да изборат пласман на ЕУРО 2020 преку стандардните квалификации. Баражот нема да се игра дома-гости туку полуфинале и финале, а домаќини на двете полуфиналиња ќе бидат двете репрезентации кои имаат остварено најдобар пласман во Лигата на нации.

 

Translate »