Протести и блокади на жителите на општината Чучер Сандево

 

Денес жителите на општината Чучер Сандево неколку часа ги блокираа улиците во нивната општина со цел да алармираат за лошата инфрастуктура во нивната општина. Тие се жалат дека живеат во субстандардни услови, односно во општина каде со години ништо не се превзема во делот на патната инфраструктура,  не постои одводна канализација, туку преполни контејнери со смет, и недостаток на улично осветлување.

Жителите живеат во услови кои не се достојни за нормално живеење и функционирање во 21 век, а општината ништо не превзема да се подобрат работите, и да функционира како сервис за граѓаните.

Жителите на оваа скопска општина за таа цел поднесоа претставка до Народниот правобранител на Република Македонија, и за тоа ги информираа Министерството за локална самоуправа на Р. Македонија, Собранието на Р.М. ЗЕЛС, ЕУ мисијата во Македонија, ОБСЕ и повеќе дипломатски претставништва.

Жителите најавуваат протести и во текот на утрешниот ден.

 

Translate »