Раководството на ФФМ на Самит на ФИФА воДоха

 

Од 11. до 13. декември во Доха, Катар се одржува самит на ФИФА на кој учествуваат и в.д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.

Раководството на ФФМ заедно со останатите членови на делегациите присутни во Доха и членовите на Извршниот комитет на ФИФА предводена од првиот човек Џани Инфантино во следните денови ќе разговаараат за низа важни прашања, а меѓу важните теми е евентуалниот почеток на Светска лига на нации под покровителство на ФИФА, можноста за проширување на бројот на учесници на Светското клупско првенство, прашања поврзани со женскиот фудбал, како и поголема и поефикасна имплементацијата на ВАР системот.

ФИФА постои заради промоција на фудбалската игра, да го штити нејзиниот интегритет и да им овозможува еднакви услови за натпреварување на сите. На овој самит верувам дека ќе се донесат решенија, преку конструктивни идеи и предлози, кои во индина ќе имаат многу поголемо позитивено влијание на различни области од општеството. Клучно за нас, а веројатно и за останатите асоцијации е тоа што имаме можност да разговараме и да ги објасниме промените со кои сите се соочуваме, да даваме предлози и со своите партнери да бараме најдобри решенија, вели в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. 

Translate »