Проучувала 600 милионери и воочила една многу интересна работа кај сите нив

Клучот на богатството? Живот во дом кој не ве чини премногу. Барем така тврди Сара Станли Фалоу од институтот „Affluent Market“, која интервјуирала 600 американски милионери, за својата книга „The Next Millionaire Next Door: Enduring Strategies for Building Wealth“.

Открила дека ниеден фактор не игра толкава улога во акумулирање пари како оној каде ќе одлучат да живеат. Повеќето милионери кои ги проучувала не поседуваат дом кој вреди повеќе од 5% од нивната вкупна нето вредност.

Дури и некои високопрофитабилни, ултрабогати луѓе како Марк Закерберг, Серена Вилијамс, купиле куќи далеку под нивните реални можности.

Ако живеете во скапа куќа, во богато соседство, поголема е веројатноста дека ќе преземете потрошувачки навики од своите соседи и помалку е веројатно дека ќе акумулирате богатство во тој период.

На пример, Марк Закерберг живее во дом кој вреди околу 0.01% од неговото вкупно богатство. Тој во својот дом во Пало Алто, платил околу 7 милиони долари. Доколку тоа го споредите со неговото богатство, кое се проценува на 62,9 милијарди долари – тоа и не е претеран износ.

Еван Спиегел, основачот на Снепчет, за својот дом во Лас Вегас, кој го дели со манекенката Миранда Кер, платил околу 12 милиони долари. Неговото богатсво се проценува за околу 2,2 милијарди долари.

Серена Вилијамс својот дом го купила во 2017-та година, за околу 6,7 милиони долари. Нејзината нето вредност е околу 180 милиони долари. 

Translate »