Во Берово утрово е најладно, -4, а максимални четири степени се измерени во Дојран.Како што информира УХМР, до 7:30 часот било -3 во Лазарополе, -2 во Скопје Петровец, -1 во Крива Паланка, Маврово, Претор, Прилеп и Струмица, 0 во Скопје-З.Рид, Штип, Тетово, Охрид, Битола, Демир Капија и Гевгелија, како и еден степен во Крушево.Снег има само во Маврови Анови со висина од 12 сантиметри.Во источните делови од земјава засега е претежно ведро, а во западните има појава на умерена облачност.аде дува слаб променлив ветер.Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.Утре и во понеделник ќе преовладува стабилно, суво и топло време, а максималните температури на повеќе места ќе надминуваат 20 степени. Во вторник и среда во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.