Стари бараки изгореа во центарот на Скопје, Герасимовски вели дека ќе се испитува чие е земјиштето

Стари и напуштени бараки пламнаа во пожарот што изби претпладнево во центарот на Скопје на булеварот „11 Октомври“.

Пожарот избувна во близина на Тутунски комбинат спроти Управата за јавни приходи.

Градоначалникот Горан Герасимовски за медиумите рече дека ќе се испитува чиво е земјиштето и градбите. Во тие бараки имало населено семејство, но било отстрането од таму по неколку месеци. Герасимовски рече дека до одреден простор, постои дозвола за градба.

Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека се известени сите служби.

Забележливо е присуство на полицијата и противпожарните екипи.

 Просторот го обезбедува полиција бидејќи околу бараките има повеќе згради. Со пајак службата се собираа паркирани коли околу местото каде е пожарот.

Translate »