“Денот на Ширун” и оваа година привлече голем број посетители
Со популарните хитови на групата “Магазин” и вкусната риба во Будва во неделата се славеше до доцна во ноќта
Будва со традиционалната манифестација “Денот на Ширун” уште еднаш привлече голем број посетители кои сакаат да уживаат во специјалитетите од морска храна и медитерански амбиент.
Градско музчко дефиле, со весела “Фештаџуна”, отворена е 54-тата градска “ фешта со риба, вино и пиво”, проследена со разновидна детска програма во која учествуваа најмладите деца од предучилишната установа “Вини Пу”, членовите на гимнастичкиот клуб “Будва”, креативни рецитатори и млади писатели од II основно училиште, солистките Петра Вујанович и Лара Павичевич и ученици од актерското училиште “Драмски студии” од Будва. Со убавиот медитерански звук се претстави и групата “Хармонија” од Будва и “Единство” од Бар, а мал концерт одржа Моника Кнежович, перспективна црногорска поп-пејачка. Посебно внимание привлекоа спортските игри, а пршутата со “омашчене греде” синоќа отиде за Обреновац. “Денот на Ширун е манифестација која со нетрпение ја очекуваат граѓаните на Будва и бројните посетители. Специфичноста на овој настан е тоа што е прифатена од сите градски предучилишни и училишни установи, музички школи, спортски клубови, невладини организации… Убаво е да се организира манифестација поддржана од нашите сограѓани, за нашите гости да почувствуваат колку љубов и ентузијазам е уложено во едно весело и позитивно дружење и тие да се чувствуваат така. Треба да ја цениме и да ја поддржиме специфичноста на областа во која живееме и создаваме”, – препорачуваат од Туристичката организација на општина Будва, која заедно со клубот за спортски риболов на море “Ширун” се организатори на овој настан.
Расположената публика трпеливо уште од 16 часот, уживајќи во програмата и дегустацијата на риба, вино, пиво и печење, го чекаше концетот на групата “Магазин”. “ Јас сум пресреќна и воодушевена како луѓето не пречекаа, прифатија и угостија, само што констатиравме дека Магазин гостува секоја деценија, така што секој пат претставуваат некој нов – тоа сум јас овој пат и се радувам дека вечерва ќе имам прилика да се дружам со публиката од Будва и што ќе пееме некои стари хитови на групата Магазин, но и нови.” – изјави расположено пред настапот солистката Андреа Шушњара, а членовите на групата која постои скоро 4 децении, констатираа дека Будва и Сплит, два крајбрежни града ги врзува морето и Медитеранот и дека во Будва се чувствуваат “како дома”. Заедно со познатите стари хитови “Коколо”, ”Пут путујем”, ”Све би секе љубиле морнаре”, ”Гутљај вина”, ”Гинем”, но и поновите ”Хемија”, ”Маслачак”, “Жена а не број”… Многубројните посетители уживаа, пееа и играа скоро до полноќ и сосема е јасно дека 54-от “Ден на Ширун” во Будва, во организација од ТОБ и КСР “Ширун”, покриено од Општина Будва, беше уште еден ден за кој долго ќе се збори со осмех и убави емоции.