Инстаграм и ТикТок стануваат минато: Новата социјална мрежа расте побрзо и од YouTube
За само неколку месеци беа создадени над 5.000 видеа со повеќе од 100.000 прегледи …
Новата видео-платформа YurOn ги поврзува своите корисници на нов начин, користејќи т.н. поврзани видео разговори (threaded conversations). Оваа конверзација функционира од страна на корисниците кои поставуваат прашања и одговараат на нив преку кратки видеа.
За само неколку месеци од неговото лансирање, YurOn привлече над 5.000 корисници, кои денес поминуваат повеќе време на таа социјална мрежа отколку на Твитер.
Досега се создадени над 5.000 видеа со повеќе од 100.000 прегледи – повеќе отколку што имаше Youtube во истата фаза од растот, пишува ZdNet.
Комуникацијата функционира така што ќе го барате прашањето на кое сакате да одговорите на YurOn и ќе објавувите видео. Секој во заедницата YurOn може да одговори со создавање на поврзан видео разговор (thread). Корисникот има 30 секунди видео за да го започне разговорот.
Може да пребарувате теми што ве интересираат или само да листате низ прашањата и одговорите. Нема специјални филтри или алгоритми управувани од валидација, пренесува PC Press.
Платформата развива нови начини за креаторите на видеа да ги уновчат своите трендови, како и можноста за поставување ексклузивна содржина што ќе се наплаќа.
Апликацијата YurOn е достапна за преземање од iOS и Android, а интересно е што YurOn им овозможува на корисниците да инвестираат во неа и да поседуваат дел од таа платформа за само 10 долари.