Болест од териториите под ИСИС се шири кон Европа

Паразитската болест која го јаде човековото месо зафатила илјадници луѓе кои живеат на територијата под контрола на ИСИС.

Експертите се плашат од епидемијата во Сирија и Ирак, бидејќи проблемот го прави поголем тоа што припадниците на ИСИС ги оставаат телата на загинатите да гнијат на улиците. Случаи од оваа малку позната болест се забележани и во Велика Британија кај луѓе кои патувале во земјите кои се изложени на ризик.

Иранскиот доктор и хирург Насер Дегани, рекол дека лишманоиозата или “болеста на џихадистите” е драстично полоша во регионите погодени од војна. Болеста најчесто се шири при полазување на одредени видови на муви. Смртоносната болест може да ја пренесат и кучиња и глодари. Не постои вакцина против оваа болест и експертите предупредуваат дека се јавува кај туристи и војници кои патуваат во ризични области.

Болеста е многу опасна и за лицата кои се заразени со ХИВ вирусот, а во пораст е бројот на вакви случаи во Јужна Европа, вклучувајќи ги Шпанија, Италија и Франција. Ја има и во централна Америка, Африка и на Блискиот исток.

Смртоносна е доколку не се лечи, а го погодува телото од внатре, се шири во слезината, во коскената срж и црниот дроб и го напаѓа и уништува имунолошкиот систем. Помалку опасната форма на болеста создава болни рани на кожата, кои имаат големина од 2 до 3 сантиметри, и кои кај пациентите оставаат трајни рани.

Симптомите се осип по стомакот, температура, промена на бојата на кожата, паѓање на коса и губење на тежина.

Translate »