Шангај постави паметни корпи за отпадоци кои предупредуваат ако фрлите погрешен отпад во нив

Кинезите се досетиле за конкретно решение за дилемите каков отпад треба да се фрла во корпите за отпадоци ако на нив нема назначено ништо, но се разбира, на кинески начин. Имено, идејата е наскоро на пазарот да пласираат корпи за отпадоци со вештачка интелигенција кои веднаш ќе ги известуваат луѓето ако во нив фрлат погрешен вид отпад.

Класирањето на отпадот во Шангај стана задолжително од 1 јули годинава, а сега се работи на начини тоа да се олесни маскимално. Според кинеските медиуми, пробни паметни корпи веќе се поставени во еден дел од Шангај. Тие паметни корпи можат сами да го разликуваат отпадот кој се фрла во нив и да ги предупредат корисниците ако неправилно сортираат.

И камионите за собирање на ѓубрето ќе можат сами да ги идентификуваат различните корпи и ќе ги земаат само тие кои содржат отпад кој го собира конкретниот камион. Во станиците за складирање на отпадот, пак, ќе има роботи кои ќе го ставаат ѓубрето во машини за рециклирање.

Жителите на Шангај исто така ќе користат апликации со кои ќе го известуваат системот дека е време да се испразнат корпите пред нивниот дом. Според информациите, моментално се работи на делот од системот за финално менаџирање со отпадто. Неправилното класифицирање на отпадот во првата фаза создава проблеми во финалната фаза. Токму затоа се надеваат дека вештачката интелигенција ќе помогне со првата фаза.

Џин Леи, основач на компанијата која се занимава со класифицирање на отпадот со вештачка интелигенција, вели дека паметните корпи треба да помогнат за побрзо да се развие свеста и знаењето кај граѓаните за правилно сортирање на отпадот.

Translate »