ВМРО-ДПМНЕ нека не се надева на амнестија на Груевски, велат од СДСМ

Владеачката СДСМ уште еднаш им порача на челниците на ВМРО ДПМНЕ да не се надеваат на амнестија на поранешниот претседател на партијата Никола Груевски, бидејќи истата ќе ја нема

„Нелогичните барања како она за избор на нов Јавен обвинител, како и поднесувањето неосновани кривични пријави, се уште еден јалов обид на Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО ДПМНЕ да побараат амнестија за Никола Груевски.

Како ВМРО-ДПМНЕ на криминален начин спроведуваше избори и ја газеше волјата на граѓаните, покажуваат судските рочишта на кои јавноста може да чуе како претходното раководство се заканува, уценува и малтретира граѓани само затоа што не гласале за оваа партија.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани од сите надлежни институции, како и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кадешто денот на референдумот беше оценет како мирен, спокоен и добро организиран.

Амнестија нема да има. Затоа, наместо да измислува непостоечки случаи Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат последниот чекор во Собранието за членство на Македонија во ЕУ и НАТО и да ја следат војата на граѓаните“, истакнуваат од СДСМ.

Translate »