Западнонилска треска во Македонија – лекарите со совети за заштита
Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба. Повозрасниот маж е прв случај со западно нилска треска, кој е регистриран летово во земјава. На инфективната клиника овој случај е единствен кој е регистиран досега.
Лекарите ги советуваат граѓаните да користат репеленти против комарци доколку патуваме во земја каде има регистрирано случаи на Западно Нилска треска,но исто така и дома да се користат репеленти против комарци, да се користат заштитни мрежи на прозорците, односно комарници, да се носи облека на долги ракави.
Симптомите на болеста според лекарите можат да поминат и асимптоматски или најчесто како грипозен синдром. Најчесто синптомите се покачена температура, болки во цело тело. Во поретки случаи се манифестира и појава на затегнат врат, повраќање, пореметена свест.
Лекарите велат дека за оваа болест не постои специфична терапија на лекување. А болеста се добива преку каснување најчесто од заразен тигрест комарец.
Заштитните мерки кои може да ги превземе државата од оваа болест е редовното и успешно прскање против комарци.