Шест совети за топење на масните наслаги околу стомакот
За вито тело добро е да се послужите со овие трикови кои покрај тоа што го намалуваат чувството на глад, го забрзуваат метаболизмот и потикнуваат топење на масните наслаги на телото.
Доколку се обидувате да гo изгубите вишокот килограми, обидете се со овие шест проверени трикови.
1. Секој ден испијте 2 шолји зелен чај бидејќи помага во топењето на мастите на телото.
2. Пијте доволно вода, најмалку литар ипол на ден, бидејќи хидратацијата на телото е многу важна кај секоја диета. Таа го чисти телото од отровите.
3. Зголемете го внесто на железо во телото низ храна која е богата со минерали, месо, овес, зелен зеленчук, цвекло итн. Железото е важно за правилно распоредување на кислородот до клетките во телото.
4. Јадете повеќе храна која содржи протеини бидејќи помага во согорувањето на маснотиите. Храна богата со протеини е рибата, пилешкото месо, јајцата итн.
5. Заблуда е дека треба да се избегнуваат банани за време на диета. Напротив, добро е да се јадат поради тоа што го забрзуваат метаболзимот, една банана содржи 500 милиграми калиум.
6. Доколку е можно, намалете го стресот кој го чуствувате. Всушност, хормот на стрес – кортизол, лачи се повеќе за време на стресните денови, а тој допринесува за дебелеење, особено за таложење на масни наслаги на стомакот.